Девојка ја открива тајната на ѕвездите: Како на секоја фотка имаат совршено заоблен задник?
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2016
Досега сигурно сте ја научиле лекцијата да не им верувате на социјалните мрежи и сè што ќе видите на нив.
Сепак, во свет полн со Кардашијан сестри и оние кои очајно посакуваат да наликуваат на нив, тешко е да се бориш во конкуренција со сите тие заоблени задници.
Една фитнес девојка реши да ја открие тајната и еднаш засекогаш да ги убеди сите дека важно е само да си ги знаеш аглите.
Без Фотошоп, без никакви дотерувања на фотките, туку со едноставна поза, оваа блогерка од Финска докажа дека прекрасните задници се само илузија.
„Решив да го покажам задникот од нормална поза vs. поза во која го истакнувам. Во свет во кој задниците на Кардашијанс се преценети, ни треба потсетник дека фотките кои ги гледаме од нив и останатите не се секогаш реални.
Нивните задници не може СЕКОГАШ да изгледаат толку големи од било кој агол.
Истото се случува и на Инстаграм фотографиите, ги гледаме како достигнување и мислиме дека никогаш нема да направиме толкава мускулна маса или да изгубиме толку многу масти, но она што треба да го запаметите е дека тие фотки кои ги гледате се и тоа како достижни. Можете да ја постигнете таа цел, можете да постигнете било што што ќе намислите со доволна доза на упорност, трпение и вложување. Искористете ги како мотивација, но не се споредувајте.“
М. Д. | Црнобело