Рики Мартин се вери со својот партнер Џуан Јосеф
- Детали
- четврток, 17 ноември 2016
Гостувајќи во шоуто на Елен Деџенерис, познатиот пејач обjави дека му предложил брак на својот партнер Џуан Јосеф и дека планираат да се венчаат.
44-годишниот Рики Мартин во 2010-та година јавно го објави својот статус, за денес да ужива во љубовта со неговиот 32-годишен партнер Џуан, кој го запознал преку неговиот талент за уметност и сликање.
Во шоуто тој објаснува како се случило сè: „Бев многу нервозен, но клекнав на колено и ја извадив малата метална кутија која ја имав ставено во мала кадифена вреќичка и наместо да речам „Ќе се омажиш ли за мене“, јас реков „Имам нешто за тебе‘“.
Одговорот секако бил потврден.
Тој признава дека имал голема трема, но бил сигурен дека ја прави вистинската работа имајќи го на ум фактот дека Џуан одлично се сложува со неговите деца, 8-годишните близнаци кои Рики Мартин и неговиот претходен партнер ги добија од сурогат мајка.
М. С. | Црнобело