После 25 години: Како изгледаат актерите од „Семејството Адамс“?
- Детали
- среда, 02 ноември 2016
Поминаа 25 години откако првпат на малите екрани имавме можност да го погледнеме филмот за чудното хорор семејство, Адамс.
И сите ние, сè уште многу добро се сеќаваме на мелодијата која го следи филмот:
Па, и на сите членови од семејството...
Но, како изгледаат денес актерите?
Мортиша Адамс (Анџелика Хјустон)
Анџелика во јули наполни 65 години и сè уште изгледа подеднакво добро како и во младоста.
Среда Адамс (Кристина Ричи)
Тешко е да се поверува, но Кристина има 36 години, а сè уште потсетува на малечкото девојче од чудното семејство.
Батлерот Ларч (Карел Страјкен)
Карел досега го имаме видено во многу филмови и серии како „Men in Black“, „Oblivion“, „My Name is Earl“ и „Twin Peaks“.
Гомез Адамас (Раул Хулија)
Секој ќе се согласи дека Гомез беше прилично интересен, шармантен и романтичен лик, но актерот немаме можност да погледнеме колку би се променил, бидејќи почина во 1994-та година.
Фестер Адамас (Кристофер Лојд)
Талентираниот Кристоферл Лојд продолжува да глуми во мрачни бајки, фантастични филмови и трилери.
Пагсли Адамас (Џими Воркман)
За Џими овој филм претставувал билет за светот на Холивуд, во по неколку обиди да си замине, во 1993-та година целосно си заминува од филмската индустрија.
Баба Адамс (Џудит Малин)
Сите ја паметиме како бабата со експериментални оброци, магични пијалаци и метла за летање. Актерката, за жал, почина пред една година.
Адвокатот Тали Алфорд (Ден Хедаја)
Актерот денес има 76 години и сè уште сака да глуми улоги на негативец.
Маргарет Алфорд (Дана Ајви)
Ајви изгледа како воопшто да се нема променето за 25 години.
Н. Г. | Црнобело