Пронајдете барем една разлика: Ема Вотсон и нејзината двојничка
- Детали
- петок, 28 октомври 2016
Познаваме многу ѕвезди кои имаат свои двојници, но ниту една двојничка не може да се спореди со онаа на Ема Вотсон.
Многумина би рекле дека не е само двојничка, туку близначка на Ема.
24-годишната Меган Флокхарт од Глазгов неверојатно многу личи на Ема, па и на нејзиниот лик како Хермиона во Хари Потер.
„Последнава година на дневна база добивам коментари дека потсетувам на Ема Вотсон“ - вели Флокхарт.
„Коментарите на Инстрагам генерално се слатки, но кога решив да ја обојам мојата коса руса, почувствував дека „Ема Вотсон“ коментарите се премногу чести и интензивни“ - додава.
„Колку и да сакам да верувам дека изгледам како еден од моите идоли, знам дека на крајот на денот јас, сум јас. Сепак, мислам дека е прекрасно што имам слични карактеристики како мојот идол“ - заклучува.
Н. Г. | Црнобело