Зошто Мајли кидна од Twitter?
- Детали
- понеделник, 22 март 2010
Се попопуларната американска актерка и пејачка, Мајли Сајрус, стана предмет на омраза на американските хомофоби. Имено, проблемите на Мајли...
...настанаа со нејзините постови на Twitter.
Американските медиуми во изминатите денови се занимаваа со тоа “Зошто Мајли Сајрус го избриша својот профил на Twitter“.
“Причината заради која го избришав својот профил од оваа друштвена мрежа е затоа што објавив пост во кој напишав дека верувам во геј браковите. Мислам дека сите имаме право да се сакаме. По оваа изјава добив илјадници мејлови полни со омраза, каде луѓето ме нарекуваа лоша личност“ – изјави Мајли и додаде “Господ е единствен кој може да ни суди“.