8 добро познати ѕвезди кои изгледаат како воопшто да не стареат
- Детали
- понеделник, 10 октомври 2016
Група на добро познати стари ѕвезди ја воодушевија публиката за време на годишниот бал „Carousel Of Hope Ball“ во Беверли Хилс.
Убавици вклучувајќи ги поранешната Бонд девојка Џејн Сејмур и актерката Шерон Стоун присуствуваа на настанот во хотелот „The Beverly Hilton Hotel“.
Но, која од овие девојки старее најдобро и како им успева да изгледаат младолико после толку многу години?
Џејн Сејмур, 65 години
Може да се забележат брчки на лицето, но со пластични операции околу очите кои самата ги потврдила, не изгледа како да има 65 години. Вели дека не сака да користи ботокс.
Мелани Грифит, 59 години
Сите ја познаваме како поранешна сопруга на Антонио Бандерас и филмот „Working Girl“, но како изгледа така младо после толку многу години? Вели дека направила затегнување на лицето и многу ботокс.
Ракел Велч, 76 години
Ракел Вел едноставно „не им се дава на годините“, ниту една брчка не се познава на нејзиното лице. Но, на што се должи тоа? Многу пластични операции, ботокс и затегнување на лицето.
Џејн Фонда, 76 години
Ѕвездата на „Barbarella“ и видеата за вежбање изгледа најмалку три децении помладо, а признава дека имала пластични операции на вилицата и околу очите.
Џери Хол, 60 години
Џери Хол беше главна ѕвезда во `70-ите години која изгледа како многу бавно да старее. Сепак, таа негира дека направила било какви пластични операции или дека употребила ботокс.
Шерон Стоун, 58 години
Добро ја познаваме по филмот „Basic Instinct“ кој го сними на 34 години, а денес изгледа како воопшто да не остарела. Во интервју во 2003-та година изјави дека никогаш не се оперирала, но шпекулациите остануваат.
Стефани Пауерс, 73 години
Стефани признава дека досега имала само една операција околу очите, но другото дека се должи на здравиот стил на живеење и исхрана.
Бо Дерек, 59 години
Бо покажа дека одлучила грациозно да старее и да го прифати својот изглед на маратонско пливање во Грција.
Н. Г. | Црнобело