18-годишното пријателство на Лео и Кејт, низ нивни изјави

Поминаа 18 години откако Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо се запознаа за време на снимањето на Титаник и додека нивната врска на филмот заврши трагично, нивната вистинска пријателска љубов продолжува години наназад.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-01.jpg

Двајцата актери кои на екранот се сретнаа уште еднаш за филмот „Revolutionary Road“ се блиски пријатели речиси 20 години.

Нивното пријателство започна со Титаник во 1997-та година кога Кејт наполни 21 година, а Лео 22 години додека го снимаа филмот.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-1.jpg

Хемијата меѓу нив не можеше да се негира, а за неа коментираше Лео во интервју за Entertainment Tonight: „Таа е прекрасна личност, па нормално, хемијата се случи природно и веднаш. Се сакаме како личности. Што се однесува до секс сцената, многу се смеевме на неа“.

Тоа беше само почеток на нивното долгогодишно пријателство кое со текот на годините стануваше поцврсто.

Лео ѝ кажа на Опра Винфри: „На многу начини, Кејт и јас пораснавме заедно во оваа индустрија. Тука сме еден за друг и секогаш си помагаме еден на друг“.

Но, тоа не беше прв пат како Лео кажал прекрасни работи за Кејт. Во 2004-та година на промоцијата на филмот „The Aviator“ зборуваше за Титаник и неговата врска со Кејт.

Нивното прекрасно пријателство стана уште појасно за време на сезоната за доделување награди во 2007-та година кога и двајцата беа номинирани за многу награди.

Кејт за нејзиното глумење во филмот „Little Children“, Лео за „The Departed“ и „Blood Diamond“.

Неколкупати се сретнаа и заедно ја прославија победата за „The Departed“.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-2.jpg

Истата таа година, 10 години откако започна нивното пријателство, се вратија назад заедно пред камерите за филмот „Revolutionary Road“. Во тој период, сопруг на Кејт беше режисерот Сем Мендес кој го режираше филмот.

„Мојата врска со Лео постои пред мојата врска со Сем, а на Сем тоа никогаш не му пречело, напротив, му се допаѓа“ - изјави Кејт во едно интервју за филмот.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-3.jpg

Самиот филм зборува за тешки филозофски работи, но тоа воопшто не претставувало проблем за Кејт и Лео поради нивното пријателство.

„Многу сме среќни што се имаме еден со друг и возбудени сме што имаме можност да одиме подалеку, на емоционално ниво Знаејќи дека имаме одредено ниво на доверба, нема ограничување, можете да бидеме подобри и подобри, а тоа е луксуз кој го нема секој актер“ - изјавија заедно.

По објавувањето на филмот, Кејт изјави дека тоа што „го снимале заедно филмот, им дало можност да поминуваат повеќе време заедно“, а Лео надополни: „Навистина е многу добро кога имаш можност да работиш со еден од твоите омилени и најдобри пријатели. Секогаш се радувам кога имам можност да работам со неа“.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-4.jpg

Лео во една ситуација изјави: „Таа е сè уште убава исто како и првиот ден кога ја запознав“.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-5.jpg

Во 2009-та на црвениот тепих за доделувањето на Златните глобуси, Лео изјави: „Ние сме многу добри пријатели веќе долг период. Активно бараме нешто да правиме заедно. Многу ни одговара тоа“.

Кога Кејт победи за нејзината улога во „Revolutionary Road“ таа испрати порака до нејзиниот пријател: „Лео, среќна сум што можам да стојам тукa и да ти кажам колку те сакам и колку сум те сакала веќе 13 години. Те сакам со целото мое срце. Навистина“.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-6.gif

Подоцна во интервју со Летерман изјави: „Лео и јас се знаеме многу долго. Имаме долга заедничка историја, толку долга што не прави да се чувствуваме стари. Навистина е страшно кога ќе сфатиш колку време поминало“.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-7.jpg

Во 2013-та, Лео ја однесе до олтарот кога стапуваше во брак со Нед Рокенрол.

Во 2016-та година на Златните глобуси Лео изјави: „Таа ми е омилената актерка во индустријата“ со слатка насмевка.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi8.gif

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-9.gif

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-10.jpg

Заедно на црвениот тепих беа и за доделувањето на Оскарите во 2016-та година кога Лео за првпат освои Оскар за најдобра машка главна улога.

18-godishnoto-prijatelstvo-na-leo-i-kejt-so-nivni-zborovi-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg