Готово е - Тримесечната врска на Тејлор Свифт и Том Хидлстон заврши со несреќен крај
- Детали
- среда, 07 септември 2016
Големата помпа која ја предизвика врската помеѓу Тејлор Свифт и Том Хидлстон спласна како издишан балон после само 3 месеци.
Двојката која започна да се гледа на почетокот на јуни и ја објави својата љубов со споделување на многубројни приватни фотки, очигледно нема што повеќе да додаде, освен точка.
Причината за раскинувањето се крие во тоа што Том сакал јавна врска во која нема да ги крие емоциите, а Тејлор сепак одлучила дека сака да ја зачува својата приватност.
Тој дури ја поканил да биде негова придружничка на Еми наградите, но Тејлор досега не се појавила со момче на црвениот тепих и очигледно нема намера да го промени тоа.
Беше слатко додека траеше...
(О)Милена | Црнобело