Карла го изневерува Саркози?
- Детали
- среда, 10 март 2010
Британскиот магазин "Дејли Меил" ја објави веста дека првиот човек и првата дама на Франција - Никола Саркози и Карла Бруни се изневеруваат...
... еден со друг.
Претседателот на Франција одби да ја коментира веста која ја шокираше јавноста последните неколку дена, а тоа е шпекулацијата околу тоа дали неговата прекрасна сопруга Карла има афера?
Тврдењата дека познатата двојка се изневеруваат меѓусебе најпрво се појави на насловната страна на престижниот "La journal du dimanche".
Во текстот стои дека Карла Бруни-Саркози го изневерува својот сопруг со музичар, а Никола Саркози ја изневерува неа со шампионка во карате. Но, тоа не е се - карате шампионката е всушност министерката за екологија Шантал Жуан (40), додека "музичарот" е Бенџамин Биолеј (37), победник на неодамна одржаниот музички натпревар "Victoars de la Musique".
Францускиот весник тврди дека ова е приказна на годината, како и тоа дека "Карла прва почнала". Портпаролот на Никола Саркози одби да ги коментира овие вести.