Џек е геј и во приватен живот
- Детали
- среда, 10 март 2010
Откако глумецот Шон Хејс ја прифати улогата на Џек Мекфарленд во серијата “Вил и Грејс“ сите сакаа да ја дознаат неговата сексуална ориентација.
Тој во едно интервју изјави:
“Кога имам геј улога сакам да бидам колку е можно поуверлив. Истото важи и кога играм стрејт. Колку помалку знаете за мојот приватен живот толку можам да бидам поуверлив во улогите.“
Тој никогаш до сега немаше изјавено дека е геј. За прв пат се отвара во следниот број на The Advocate.
“Јас сум тоа што сум. Никогаш не сум криел. Јас имам направено толку многу за геј заедницата. Што очекувате повеќе? Да шетам на геј парада?“
Серијата “Вил и Грејс“ не се снима веќе 4 години и тој е во контакт најмногу со Меган Малали (Карен).
“Во моментов сум со личност која многу ја сакам“, но не соопшти за кого станува збор.
“Тоа е се што ми е потребно. Не работам многу. Живеам како дедо од 85 години. Мирен сон е фантастична работа.“