Џенифер Лоренс по вторпат најдобро платена актерка – Kои се останатите 9?
- Детали
- среда, 24 август 2016
Ѕвездата на трилогијата „Hunger Games“ се искачи на врвот на листата на најплатени актерки на денешницата, според магазинот „Forbes“.
26-годишната Џенифер Лоренс, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни $46 милиони долари за 2016 година.
Парите на нејзиното конто најмногу се слеаа од франшизата „Hunger Games“, но и од огромниот аванс кој платинестата русокоса го доби за претстојната вселенска авантура „Passengers“, во кој Лоренс ја има главната улога, покрај Крис Прет.
Веднаш по Лоренс, следува Мелиса Мекарти со $33 милиони долари, а третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон со $25 милиони долари заработка.
Погледнете ја целосната листа на најскапо платени актерки за 2016 година:
1. Џенифер Лоренс - $46 милиони долари
2. Мелиса Мекарти - $33 милиони долари
3. Скарлет Јохансон - $25 милиони долари
4. Џенифер Анистон - $21 милион долари
5. Фан Бинбинг - $17 милиони долари
6. Шарлиз Терон - $16.5 милиони долари
7. Ејми Адамс - $13.5 милиони долари
8. Џулија Робертс - $12 милиони долари
9. Мила Кунис - $11 милиони долари
10. Дипика Педукон - $10 милиони долари
(О)Милена | Црнобело