Кендис Сванапул го откри името на бебето, ќе го крсти по амазонска птица
- Детали
- среда, 17 август 2016
Кендис Сванапул реши името на своето прво дете да го открие на „baby shower“ забава. Покрај сите слатки инспирирани од сафари идилата, ангелот на Victoria’s Secret на средината од просторот закачила и банер на кој беше напишано името.
„При крајот од бременоста, Кендис Сванапул одбра сафари тема, во чест на нејзината земја, Јужноафриканската република, за „baby shower“ забавата за нејзиното прво дете“ - напишале одговорните од португалскиот Вог на Инстаграм заедно со мини колаж од самата забава.
„Меѓу различните орнаменти, слатки и целиот декор, Кендис го откри и името кое го одбрале за нивното прво дете - Anacã, што исто така е и птица од амазонскиот регион“ - додаваат.
Името го потврди и бразилскиот организатор на забави, Маријана Параисо која и самата сподели неколку фотографии од забавата.
Во март, Кендис и нејзиниот вереник Херман Николи ја објавија веста за бременоста на Инстаграм:
Н. Г. | Црнобело