Кајли Џенер, традиционално, за 19-тиот роденден си доби нов автомобил од Тајга
- Детали
- понеделник, 08 август 2016
Кој вели дека среќата (и љубовта) не се купуваат со пари?
Ова очигледно не е случај со Кајли Џенер и нејзиниот бивш и повторно актуелен дечко Тајга.
Најмладата од кланот Кардашијан доби скап подарок на само неколку дена од нејзиниот роденден на 10 август.
Тајга овојпат се одлучи за црн Мерцедес Мајбах во вредност од околу $200.000 долари.
„Среќен подранет роденден на мене. Јеј. Те сакам Т“, гордо се пофали младата Кајли на Снепчет и Инстаграм.
Минатата година за 18-от роденден Тајга ја почести Кајли со Ферари од $320.000 долари.
Ивентивноста за подароци можеби не му е силна страна на овој дечко, но очигледно Кајли нема ништо против неговиот избор.
(O)Милена | Црнобело