Икеа го исмеа Канје - Како ќе изгледа мебелот ако тој го дизајнира?
- Детали
- петок, 05 август 2016
Пред неколку месеци Канје Вест реши на својот Твитер профил да сподели со своите фанови дека сака да соработува со Икеа.
„Се инспирирав од мојата денешна посета на Икеа, навистина неверојатна компанија... ми се вртат многу можности...“ - напиша тој.
Икеа тогаш не реагираше на неговите зборови.
Потоа имаше уште една Твитер објава:
Но, откако уште еднаш реши јавно да го изрази своето мислење во интервју за BBC Radio 1 - „Морам да работам со Икеа - да правам мебел, за внатрешен дизајн, за архитектура“, Икеа реши да му одговори.
На Фејсбук компанијата реши да објави Yeezy дизајн за кревет кој многу наликува на креветот од контроверзното видео за песната „Famous“.
По оваа објава, многу фанови решија да се шегуваат и да прават свои уникатни креации.
На пример:
Н. Г. | Црнобело