10 нетипични холивудски убавици кои нè освоија со својата привлечност
- Детали
- петок, 15 јули 2016
Анџелина Џоли, Џесика Алба, Хали Бери, Блејк Лајвли... сите ни се добро познати, изгледаат совршено и го заслужуваат нашиот восхит.
Но, сепак Холивуд изобилува со подеднакво талентирани и прекрасни дами, кои можеби не се вклопуваат во калапот за класична убавина, но поседуваат нешто привлечно што ги издвојува од толпата.
Ова се 10 нетипични холивудски убавици кои го привлекоа нашето внимание:
1. Џема Артертон
Прекрасната Англичанка го освои филмското платно и симпатиите на публиката во „Prince of Persia: Sand of Times“, бондовиот „Quantum of Solace“ и мистериозниот „The Disappearance of Alice Creed“ кој ја стави на мапата талентирани актерки.
2. Гал Гадо
Актерка и модел по потекло од Израел, неверојтно привлечна бринета со маслинест тен го одглуми еден од најпознатите женски стрип ликови – Wonder Woman во „Batman vs Superman: Dawn of Justice“, а сo истиот лик си обезбеди и свој филм во 2017 година. Претходно можевме да ја видиме во „Fast Five“ и „Fast&Furious 6“.
3. Емилија Кларк
„Мајката на змејовите“ ја гледаме во епската „Game of Thrones“ како Денерис Таргериан, а доколку сте расположени за нешто романтично ви го предложуваме „Me Before You“. Сепак, не може кој било да се пофали дека бил дел од филмската сага на „Terminator (Genisys)“.
4. Лили Колинс
Неверојатно симпатичната ќерка на Фил Колинс е прилично зафатена актерка – ја глумеше Снежана во „Mirror Mirror“, се појави во акциите „Abduction и Priest“, а доколку сакате нешто нежно и романтично за гледање погледнете ги „Stuck in Love“ или „Love, Rosie“.
5. Морена Бакарин
Многумина веднаш ќе ја препознаат како девојката на „Deadpool“, но актерката со бразилско потекло глумеше и во хит сериите „Firefly“ и „Homeland“, како и комедијата „Spy“.