5 познати личности кои си ги намалиле градите
- Детали
- петок, 15 јули 2016
Постои врежано мислење дека жените во Холивуд си ги зголемуваат градите, како од естетски така и од здравствени причини. Но, некои не успеале да го поднесат таквиот товар, па затоа одлучиле од различни причини да ги намалат своите гради.
Ова се дамите кои се решиле на таков чекор:
1. Викторија Бекам
Сопругата на славниот фудбалер со години го избегнуваше одговорот на прашањето дали има вештачки гради, но за тоа проговори дури во 2009-та година и откри дека имала импланти, но ги отстранила.
2. Дру Баримор
39-годишната Дру ги смалила градите на само 17 години. Инаку, неколку пати истакнала дека го обожува своето тело, па макар и со вишок килограми.
3. Дениз Ричардс
По бројните операции се одлучила и на последната – за намалување на градите и тоа во 2009-та година.
4. Кортни Лав
Кортни своите импланти ги извадила во 2002-ра година и решила да ги зачува како спомен.
5. Џенифер Конели
Џенифер никогаш не признала дека имала пластична операција, па одговорот на прашањето дали ги извадила имплантите или ги намалила градите, останува непознат. Но, фотките се повеќе од доволни.
С. С. | Црнобело