Сузан Бојл сака дечко
- Детали
- среда, 24 февруари 2010
Пејачката Сузан Бојл е во вистинска борба со новостекнатата слава, не може да пронајде маж со кој ќе може да ја сподели среќата. Шкотската...
...пејачка ѕвезда се појави за прв пат на британското талент шоу 'Britain's Got Talent', а постигна врв во кариерата со својот дебитантски албум - 'I Dreamed A Dream'. Но, и покрај целата слава Сузан сака да има партнер.
“Можеби го има целиот свет и слава на дланка, но тоа не е ништо. Единствено нешто што Сузан сака е љубов. Сака да пронајде некој со кого ќе може да ја сподели среќата и на кого ќе може да се потпре во тешките мигови. Фамилијата е секогаш со неа, но не е исто кога имаш партнер“ – вели Гери, братот на Сузан.