Кејт Мидлтон облече фустан кој го носеше пред 5 години на првата кралска вечера
- Детали
- четврток, 23 јуни 2016
Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон беа дел од гала вечерата која се одржала во домот на маркизот и маркизата од Чомли, а Кејт решила да извади свечен фустан длабоко од нејзиниот гардеробер за приликата.
Носеше светкав нежно розов фустан, креација на дизајнерската куќа „Jenny Packham“.
Истиот фустан кој го носеше и во јуни 2011-та година за 10-та гала вечера во Кенсингтоновата палата.
Што го прави овој фустан посебен? Таа го носеше за првата официјална кралска вечера која ја имаа со принцот Вилијам, откако стапија во брак во април 2011-та година.
Ако ги споредите фотографиите од тогаш и сега, веројатно ќе забележите - промените во изгледот на Кејт Мидлтон се незабележливи, баш како да го сопрела времето и покрај тоа што поминаа 5 години, а оттогаш има и две деца.
Н. Г. | Црнобело