Згодната колумбијка со која Кристијано Роналдо жешко танцуваше на јахта во Ибица (фото)
- Детали
- четврток, 09 јуни 2016
Пред почетокот на Euro 2016 Кристијано Роналдо се одмораше на луксузна јахта близу крајбрежјето на Ибица каде беше фотографиран во жежок танц со мистериозна девојка и како што се очекува, сите посакаа да го откријат нејзиниот идентитет...
Станува збор за колумбиската актерка и манекенка Паула Суарез која има 21 година.
Според еден португалски весник, двојката била „само за една вечер“, откако играчот на Реал Мадрид случајно ја запознал девојката која моментално живее во Ибица.
На нејзиниот Инстаграм профил веднаш почнала да добива прашања за средбата со Роналдо, но нема никаков одговор.
Што мислите, дали ова е новата девојка на Роналдо?
Н. Г. | Црнобело