Тејлор Свифт ненајавено се појави на венчавка и израдува двајца младоженци (видео)
- Детали
- вторник, 07 јуни 2016
Замислете омилената пејачка да се појави на вашата свадбена церемонија и да ја испее песната за првиот танц! Токму тоа и се случило за време на венчавката на Макс Сингер и Кенија Смит, во Норт Бич, Њу Џерси.
Тејлор се појавила на големо изненадување на сите, успеала да се сликне со среќните младоженци и да го испее нејзиниот хит „Blank Space“ во придружба на пијано, додека двојката го играла првиот танц.
So Taylor swift showed up to my cousins wedding... ???? #Surprisedpic.twitter.com/98yDtmg7kH
— Gage Simmons (@Gage_Simmons) June 4, 2016
-->-->
Песната има особено значење за парот. Тие законски се венчале околу почетокот на годината и тоа во болница, со цел мајката на младоженецот да присуствува на озаконувањето на врската. Синот и мајката дури одиграле и еден танц, токму на истата песна која ја испеала Тејлор за време на забавата.
Сестрата на Макс ѝ пишала на Тејлор и тајно ја поканила на венчавката бр. 2, а славната пејачка не само што се појавила, туку им подарила и рачно изработена честитка со стих од нејзината песна и позирала покрај пресреќниот пар.
„Ти благодариме Тејлор, ова е свадба што никогаш нема да ја заборавиме“ – пишува на една од фотките на Инстаграм.
Се чини дека раскинувањето на Тејлор со Калвин Харис не влијае врз нејзината перцепција за љубов.
(О)Милена | Црнобело