Фотки од најозборуваниот роденден годинава - Журката на Анастасија во Hyatt
- Детали
- четврток, 26 мај 2016
Долгоочекуваниот момент, кој активно беше пратен и на Фејсбук, се случи - Анастасија, ќерката на Цеца Ражнатовиќ, ги прослави својот 18-ти роденден и полнолетството.
18-от роденден го прослави во еден од најпрестижните белградски хотели, Hyatt и таму пристигна заедно со својата мајка и тетка.
„Не е денес ден за мама. Денес е ден за мојата ќерка“ - изјавила Цеца при самото излегување од автомобилот и додала дека е многу се гордее со својата ќерка.
Славеничката, како што беше очекувало, се појави во склад со „цветната бајка“, која беше најавена.
На забавата биле поканети 300 луѓе, а само за просторот и храната, Цеца потрошила 20.000 евра.
Повеќето познати личности кои биле поканети на славата веднаш објавија фотографии на своите Инстаграм профили па така, можете да почувствувате барем дел од атмосферата на гала забавата.
Н. Г. | Црнобело