Еднаш брилијантин, сега перика
- Детали
- петок, 12 февруари 2010
Џон Траволта кој веќе наполни 55 години и неговата сопруга Кели Престон беа фотографирани во Парис, каде актерот отпатува поради премиерата на...
... својот нов филм "From paris with love".
На прв поглед, Траволта нема седа коса, напротив - косата му е раскошна во некоја кафена нијанса. Но, кога сликата добро ќе ја погледнеме и зумираме, ќе забележите дека актерот носи посебна мрежа преку косата, која служи за спречување на паѓање на коса.
Дејли Меил пишува дека првите шпекулации за "магичната" коса на Траволта започнале во 2008 година кога актерот е снимен потполно ќелав за барањата на тогашниот филм, а само неколку дена подоцна на фотографиите се појави со уредна, подолга коса.
Сега неговата тајна е открена - тој носи скриена мрежа на глава, низ која може да се вметне и природна коса до својата, се со цел да се скрие губитокот на косата.