Сите ја обожаваа, без да знаат дека води двоен живот: Како изгледа денес убавицата од Top Gun?
- Детали
- среда, 18 мај 2016
Кели Мекгилис го освои светот кога пред 30-тина години се појави на филмското платно заедно со Том Круз.
Русокосата убавица преку ноќ стана една од најпосакуваните и успешни холивудски актерки, но нејзиниот живот е далеку од сјајот и гламурот кој тогаш сите го гледавме.
Во 2009-та година, Кели призна дека од својата 12-та година се бори со својата сексуална ориентација, за во 2010-та година да стапи во брак со својата долгогодишна девојка Мелани Леис. Тие 9 години ја криеле својата врска, но бракот не им успеа.
Кели зад себе има уште 2 пропаднати брака, од кој едниот е непосредно завршен пред врската со девојката Мелани.
Актерката уште како мала верувала дека поинаквата сексуална ориентација е божја казна и затоа постојано и се случуваат лоши работи.
Под лоши работи мислела на инцидентот кој го доживеала во 1982-ра година, кога неа и нејзината тогашна девојка ги нападнале тројца тинејџери и ги злоставувале.
Кога стигна во своите 20-ти, со висина од 180 сантиметри и прекрасна руса коса, застана рамо до рамо со Том Крус.
Кога се сеќава на снимањето на Top Gun, памети дека било прилично проблематично:
„За цела глава сум повисока од него. Морав постојано да бидам свиткана и искривена на снимањата.“
На врвот од кариерата, сите ги изненади со одлуката да се повлече и да се посвети на семејниот живот.
Се омажи за богатиот продавач на јахти Фред Тилман, со кој 6 месеци пловеше по Карибите, а потоа се вдомија на Флорида. Добија две ќерки, но зад фасадата на совршено семејство се криеле мрачни тајни.
Само неколку дена откако Кели ја родила втората ќерка, Тилман е уапсен затоа што се обидел да ангажира проститутка, за која се верува дека всушност била полицајка на тајна задача.
Кели реши да му прости, но бракот сепак се распадна.
По сите драми низ животот, подоцна признала дека била на рехабилитација. Денес редовно ги посетува жените во затворот во Њу Џерси и разговара со зависници од дрга и алкохол.
И понатаму од време на време и се нудат филмски улоги, но вели дека никој не ја сака во главната улога затоа што одбива да ја обои косата и да им подлегне на пластичните операции.
М. Д. | Црнобело