Ќерката на Џенифер Гарнер и Бен Афлек откри дека е трансродова личност – го промени и името
- Детали
- четврток, 11 април 2024
Серафина, едно од трите деца на Џенифер Гарнер и Бен Афлек, минатиот викенд откри дека е трансродова личност, како и дека го промени името во Фин.
Едно од децата на Џенифер Гарнер и Бен Афлек, Серафина, откри дека е трансродова личност, а го соопшти и своето ново име – Фин Афлек.
За време на меморијална служба за таткото на Џенифер Гарнер, Фин се појави со црн костум и кратка коса, а се претстави со новото име пред да почне да чита извадок од Библијата.
Таткото на актерката почина пред една недела, на 85 години, а меморијалната служба се емитуваше во живо на Фејсбук.
Фин се појави со многу кратка коса уште во февруари годинава, но ова е првпат да се претстави како трансродова личност и со новото име.
Фин е средното дете на Гарнер и Афлек, кои во бракот ги добија и ќерката Вајолет (18) и синот Семјуел (15).
Тие се разделија во 2015-та, а го финализираа разводот во 2018-та, но оттогаш се во мошне добри односи.
Откако Бен се венча со Џеј Ло, Фин се зближи со 16-годишната ќерка на пејачката – Еме – која слично како него, не се декларира како женско, но ниту како машко.
Фин веќе неколку години преферира кратка коса, како и поширока и машка облека, но сè досега ни тој, ни неговите родители, немаа спомнато нешто за неговиот родов идентитет.
Откако го кажа своето ново име, Фин беше фотографиран додека одеше кон салон за убавина каде што се сретна со мајка му Џенифер.
Тој носеше кратки панталони, во комбинација со широка црна маица.
Спирова С. | Црнобело