И Питер Андре плаче!
- Детали
- понеделник, 08 февруари 2010
Питер Андре се расплаче за време на едно телевизиско интервју откако го прашаа дали би му пречело ако неговата поранешна жена и нејзиниот нов...
...сопруг побараат да ги посвојат неговите деца.
Скај Њуз мораше да го прекине интервјуто откако познатиот пејач почна за плаче за време на снимањето. Андре видливо се растревожи откако водителката на емисијата Кеј Берли, го праша како би се чувствувал ако неговите две деца сака да ги посвои Алекс Рајд.
Рајд вчера вечер се ожени со поранешната сопруга на Питер Андре во Лас Вегас, на една кратка церемонија. Андре побара да се прекине интервјуто, неговата последна изјава беше слената:
“Никој нема да ги земе децата од мене. НИКОЈ. Спремен сум да се борам до смрт за тоа. Јас би умрел за тие деца. Тоа нема да се случи. Ви кажувам, ако треба ќе одам на суд”.
Пејачот беше повикан на емисијата Афтерн Лајф за да го промовира својот нов албум, но тој побара да се прекине интервјуто кога почна да плаче. Истиот дена Питер призна дека не знаел дека неговата поранешна сопруга се венчала, но потенцирал дека единствено нешто за што е загрижен се неговите деца.
Погледнете го интервјуто и ќе видите како изгледа посветен татко.