Ретки фотографии: Како изгледа домот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам?
- Детали
- понеделник, 25 април 2016
Светот доби можност да погледне како изгледа внатрешноста на кралскиот дом откако во посета им беа претседателот на Америка, Барак Обама и неговата сопруга.
Собата каде тие ги примаат своите гости во Кенсингтоновата палата неодамна им била преуредена за £4.5 милиони фунти.
Дизајнот на домот, би очекувале да биде гламурозен, но всушност е топол и нежен, практично удобен како за кралското семејство, така и за гостите.
Што има во оваа соба?
1. На страна можете да забележите коњче за принцот Џорџ да си игра.
2. Фотографија од Керол и Мајкл Мидлтон на денот на венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
3. Фотографија од тинејџерските години на принцот Вилијам
4. Култната фотографија од принцезата Дијана заедно со младите Вилијам и Хари.
5. Семејна фотографија која се чини дека е направена пред пирамидите во Гиза.
6. Црно-бела фотографија од војвотката
7. Црно-бела книга „On This Earth, A Shadow Falls“
На втората фотографија, исто така, можете да забележите неколку работи:
8. реплика на кучето од Белата Куќа, Бо
9. Удобна хексагонална маса
10. Слика која најверојатно е од уметникот Мелхиор де Хондекутер
11. Шише „Smirnoff“ и „Gordon's“ за послужување на гостите
12. Миризлива свеќа
13. Уште едно уметничко дело од непознат уметник.
Покрај неговите родители, принцот Џорџ го одзеде вниманието на претседателот на Америка, но и на јавноста. Во своите пижами ги поздрави гостите.
Н. Г. | Црнобело