Кралицата Елизабета блеска покрај 7-те внуци и правнуци по повод 90-от роденден
- Детали
- четврток, 21 април 2016
Ова не е обичен ден за луѓето на Велика Британија, бидејќи кралицата Елизабета Втора полни 90 години, а за да се овековечи моментот, се појавија три нови семејни фотографии.
Претходно беше направена фотографија каде принцот Џорџ ги засени сите додека стои на неколку парчиња стиропор покрај најстариот монарх во британската историја.
Овојпат се појавија уште три нови фотографии направени од страна на фотографот Ени Лебовиц.
На првата фотографија, кралицата е сликана заедно со своите внуци и правнуци, а на чело е малата принцеза Шарлот која седи во скутот на кралицата.
На втората фотографија, 90-годишната кралица е фотографирана заедно со нејзините сакани миленици.
На крај, на последната фотографија, кралицата седи до нејзината единствена ќерка, принцезата Ана.
Н. Г. | Црнобело