Хали Бери има Инстаграм профил и првата фотка е топлес
- Детали
- среда, 30 март 2016
Хали Бери знае како да остави добар прв впечаток. Актерката за првпат си направи Инстаграм профил и одлучи на првата фотка да биде топлес.
49-годишната актерка за да ги поздрави Инстаграм корисниците ја објави првата фотографија од себе и се обрати на сите корисници:
„Здраво на сите! Денес е возбудлив ден за мене... Се радувам што ќе можам да го споделам мојот свет со вас преку фотографии кои ги прикажуваат моите емоции и перцепции.
Се воодушевувам на моќта на фотографијата да го долови овој неверојатен свет во кој живееме. Возбудена сум што ќе можам да ја споделам мојата љубов кон природата, уметноста, модата и многу повеќе, сè со надеж дека фотографиите ќе инспирираат, ќе предизвикаат дискусии и ќе донесат радост“.
Интересно, нејзината прва фотографија е од природа, па и себеси решила да се прикаже топлес.
Н. Г. | Црнобело