Фатена како шмрка кокаин
- Детали
- вторник, 19 јануари 2010
Најмладата ќерка на Мик Џегер и Џери Хол, Џорџина Џегер, минатата недела го прослави својот 18-ти роденден. Токму тогаш папараците успеале да ја...
...фотографираат пред клубот каде славела, како зема пакетче од непознат маж, а потоа ја ушмркува содржината од кесичката.
Се претпоставува дека станува збор за кокаин. И постарите ќерки на Џегер, Лизи и Џејд, имаат многу “отворен“ однос кон наркотиците.
Џејд заради конзумирање на кокаин заврши во затвор во 1988 година, додека Лизи јавно ја бранеше Кејт Мос кога пред неколку години беше фотографирана како зема кокаин – “Глупаво е што сите ја напаѓаат Кејт за тоа. Па сите шмркаат кокаин во јавност во Англија!“.