Принцот Хари покажа дека е вистински принц од бајките
- Детали
- четврток, 04 февруари 2016
Сите како мали сонувавме дека еден ден ќе го најдеме принцот на нашиот живот кој ќе нè сака како принцовите на Пепелашка, Снежана или Бела.
Но, како што растевме сè повеќе сфаќавме дека ваквите принцови, за жал, не постојат во реалниот живот. Сепак, тука е принцот Хари кој ќе ве натера одново да верувате во бајките.
Како гостин на „Invictus Games“, параолимписки спортски настан на кој учествуваат повредени, ранети или болни армиски лица, тој забележал дека силниот ветар ја превртел на грб една од жените во инвалидска количка.
Штом го видел тоа веднаш се обидел да помогне, токму како вистинските принцови од бајките.
Жената, Ана Полок, лекар во Кралските сили, ја објаснила случката „Сакав да се сликам со него и си помислив ако не го направам тоа сега нема да имам шанса никогаш повеќе, и така отидов до него и го замолив за фотографија.
Потоа во моментот кога ги ставав ракавиците дувна силен ветар и ја преврти количката. Кревајќи ја количката тој ме праша зошто го направив тоа, а јас му одговорив: сигурен си дека твоето присуство нема никаква врска со тоа?“.
Браво Хари, принцезата Дијана би била навистина горда.
М. С. | Црнобело