Зошто познатите личности имаат една подигната веѓа?
- Детали
- среда, 16 декември 2015
Зошто некои од познатите личности изгледаат како да се изненадени од нешто пред камерите? Зошто Кајли Миног и Кортни Кокс имаат подигнати веѓи?
Некои од славните личности имаат перманентно една подигната веѓа, а хирурзите тоа го припишуваат на ботоксот.
Овие експерти тврдат дека некои од славните личности како Кајли Миног во минатото често употребувале ботокс, па како резултат на таа употреба, мускулите на нивното лице не се балансирани.
Дерматологот Лоренс Осман од Лос Анџелес вели: „Ова може да се случи кога мускулите кои ги подигнуваат веѓите нагоре не се во баланс. Најчесто се случува кога бил употребен ботокс на крајот од веѓата, но не и во челото, па едната веѓа може да се подигне, а другата не“.