Џеј Ло ги водеше MTV AMA наградите во 9 разголени креации (фото)
- Детали
- понеделник, 23 ноември 2015
На овогодинешниот American Music Awards кој се одржа во концертната сала Microsost Theather во Лос Анџелес Калифорнија, водителка на шоуто беше Џенифер Лопез.
За тоа време променила дури 9 уникатни парчиња облека.
Шоуто го отвора со одличен настап облечена во целосно боди, препокриена во различни принтови и циркони и штикли на кои неуморно танцува.
Нејзиниот втор изглед е пософистициран и женствен - розов фустан со А-крој и ролка исто така, препокриен во циркони.
Набргу потоа за краток период излегува со својот трет аутфит за да ја претстави Џени МекКарти. Носи фустан во месо боја со плетка.
Четвртиот изглед е сексапилен златен фустан.
Наградата Нов артист на годината ја претставува во кратки панталони со висок струк и над нив долг проѕирен фустан со ѕвезден ремен.
Следниот изглед е малку позатворен за разлика претходните. Носи жолт комбинезон со сребрен ремен.
Пред прикажувањето на дел од најновиот Star Wars филм носи уште еден комбинезон, а потоа Јереми Ренер за последната награда го претставува во транспарентен фустан со кристали.
Ноќта ја завршува со еден од најсексапилните изгледи досега - светло син фустан.
Погледнете го нејзиниот настап за отворањето на AMA: