Амал Клуни во трет месец од бременоста!?
- Детали
- четврток, 05 ноември 2015
Се чини дека Џорџ Клуни за првпат ќе стане татко. Се шпекулира дека Амал Клуни е бремена и парот го очекува своето прво дете, но не планираат во скоро време да дадат било каква јавна изјава.
Ако досега Амал беше во центарот на вниманието со својата мала фигура, односно со тоа дека е преслаба, сега се појавува со информацијата околу тоа дека заедно со Џорџ очекуваат принова во семејството.
Според, OK! Magazine, се чини дека на Амал веќе може да се забележи стомачето кое расте за време на премиерата на најновиот филм на Џорџ Клуни „Our Brand is Crisis“.
Блиски извори на списанието тврдат дека: „Амал е толку слаба што не може да се забележи стомакот, но таа веќе е во третиот месец од бременоста“.
„Џорџ е загрижен околу потенцијалните ризици поради тежината на Амал и постојано ја тера да јаде повеќе. Позитивна страна е што се храни здраво“ – додава изворот.
Досега, информациите ниту се негирани, ниту пак потврдени.