Ештон Качер и Мила Кунис се венчаа!
- Детали
- понеделник, 06 јули 2015
Магазинот People прв ја пренесе веста за венчавката на Мила Кунис и Ештон Качер, која се одржала изминатиов викенд.
Откако повеќе пати се раширија гласини за нивниот наводен брак, сега конечно People има издржан извор кој споделил многу детали за церемонијата.
„Сите гости беа информирани 24 часа пред венчавката“, тврди изворот.
„Ова ќе биде многу мал и интимен собир со пријателите и семејството,“ гласела поканата.
Мила Кунис изгледа се „издаде“ уште во август, кога за W магазинот изјави:
„Мојот прв вистински бакнеж беше со него во шоуто Луди 70-ти. Сите си имаме филмски симпатии. Но, јас ќе се омажам за мојата.“
Сите се во исчекување на потврда со фотографии од венчавката...