Роби Вилијамс спремен за брак
- Детали
- среда, 11 ноември 2009
Во едно ток-шоу на британската телевизија ITV мега ѕвездата Роби Вилијамс проговори за својот приватен живот за кој нема многу информации низ јавноста.
На прашањето дали планира конечно да ја запроси својата долгогодишна девојка, американската глумица Аида Филд, Роби таинствено одговорил:
“Тоа е многу веројатно. Да, тоа ми е во план“.
Иако вели дека е подготвен да стапи во брак сепак не е сеуште спремен за деца иако убавата Аида сака деца што побргу.
“Таа сака веднаш, но мислам дека треба да уживаме во периодот кога можеме да стануваме на пладне и да одиме во кревет во 4 наутро. Ни треба време кое ќе си го посветиме само на нас, за да уживаме еден во друг“ - вели Роби.
Тој уште еднаш потврдил дека “Take That“ ќе направи повторно комплетирање.
Роби вели дека навистина сака да биде дел од нивната приказна, но сеуште е неизвесно.