Кристина Ричи на плажа
- Детали
- вторник, 03 ноември 2009
Кристина Ричи ги воодушеви сите присутни на плажите на Мајами каде во бикини, уживаше со своето момче - фотографот Куртис Бушанан. Оваа...
... 29-годишна актерка се одлучи за виолетови дводелни бикини, покажувајќи ги тетоважите по рацете, долниот дел на стомакот и на ногата. Парот кој е во врска 3 месеци, се држеа за раце, бакнуваа и уживаа во капењето, давајќи впечаток на среќен и заљубен пар.
Ова е првата врска за Кристина по раскинувањето на веридбата со Овен Бенџамин во јуни оваа година.
Ричи моментално работи на филмот "Long Time Gone", драма за едно распуштено семејство, а ја заврши својата работа на филмовите "Alpha i Omega", "Born To Be A Star" и "After Life".