Ова е жената заради која Мистер Бин остави сè
- Детали
- вторник, 31 март 2015
Тој е незаборавниот Мистер Бин, а жената која го освои смешниот Британец е Луиз Форд. Таа има 32 години, а тој 60. Покрај емоциите ги спојува и љубовта кон комедијата, затоа што и двајцата се успешни во тој жанр.
Роуан е предаден на актерството, но секоја улога ја одбива кога се работи за партнерството со својата 28 години помлада љубов.
Нивните прошетки изминативе неколку години се сосема вообичаена појава во Лондон. Искажуваат нежности во јавност и не ги кријат допирите и насмевките полни емоции.
Луиз и Роуан ја започнаа својата врска минатата година, набрзо по разводот од неговата претходна жена Санетри Састри со која беше 23 години во брак.
Првото сретнување со 32-годишната комичарка се случило во 2012-та, а набрзо потоа симпатиите прераснале во сериозна врска.