Ријана не го украде Џастин!
- Детали
- вторник, 13 октомври 2009
Ријана ја побарала Џесика Биел со цел да и објасни дека никогаш не би украла зафатено момче. Ријана и нагласила на Џесика дека таа не е крадачка...
... на момци, па и објаснила на актерката дека таа и нејзиниот поранешен Џастин соработуваат, и тоа е се.
"Ријана не сака да биде наречена крадливка на мажи", изјавил близок пријател на пејачката и додал дека таа "го сака Џастин, но само како пријател".
Кога Џастин и Ријана ја започнаа својата заедничка соработка на нејзиниот нов албум, набрзо се наслушнаа шпекулации дека тие тајно се гледаат, но Ријана изгледа по секоја цена сака да ја тргне лагата од нејзиното име. Така таа го замолила својот асистент да го најде бројот на Џесика и ја побарала.
"Ријана се извини поради лажните натписи во медиумите и ја убедувала Џесика дека таа никогаш не би била со туѓо момче. Нормално дека Џастин и Ријана се блиски, но тоа е само бидејќи тој и го продуцира албумот", вели изворот.
Наводните шпекулации стигнаа и до тоа дека овие "тајни љубовници" биле и на заедничка вечера, а Џастин и објаснил на Џесика дека тој и Ријана се само добри пријатели и ништо повеќе.
"Џесика му верува на Џастин и таа беше пријатно изненадена од повикот на Ријана", додава изворот.