Како ќе изгледаше денес Мајкл Џексон без пластичните операции?
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2015
Светскиот крал на поп музиката, легендарниот Мајкл Џексон, помина 30 години со околу 100 пластични операции за да го доведе својот изглед до перфекција, а сето тоа можеше да биде многу поедноставно и полесно.
Од избелување на кожата до операции на носот, а подоцна и на целото лице, Мајкл се чинеше како зависен од операциите.
Иако сè почнало наивно во 1979 година, кога посакал да направи мала промена на носот бидејќи според него му бил премногу голем. Но, тоа продолжило со следна и следна операција затоа што почнале да се јавуваат не само естетски, туку и здравствени проблеми.
Подоцна, од 1983 година почна да се појавува со многу шминка на настапите за да има поблед тен, а постепено почна и со избелување на кожата.
Продолжил со операциите на носот, подигнување на очните капаци и истакнување на јаболчниците.
Кога наполни 33 години, во почетокот на деведесеттите имаше истакната брада, многу тенок нос и бледа кожа.
Во еден период, како последица на многуте операции носот почна да му се распаѓа, па мораше да носи и вештачки нос.
При крајот на неговиот живот почна речиси целосно да се распаѓа, како последица на многуте операции и различни други влијанија.
Тој почина во 2009 година под дејство на лоша комбинација од лекови за смирување.
Погледнете како ќе изгледаше Мајкл Џексон без операции на следната страница...