Албанци го нападнаа Бреговиќ
- Детали
- среда, 07 октомври 2009
Славниот музичар Горан Бреговиќ се најде на удар на албанските хакери. Неговиот официјален интернет портал беше нападнат од група...
... албански хакери од Косово, оставајќи порака дека Косово прогласи независност, со истакнување на тоа дека независноста е признаена од поголем број на земји.
Во делот "Блог" на страната на поранешниот член на "Bijelog dugme", na 3-ti oktomvri ostavena e poraka:"Hacked by: PimiNet - Kosova Hackers Group - KHG".
Исто така, на неговиот сајт www.goranbregovic.rs, се поставени и ознаки "Одлободувачка војска на Косово", "Ослободувачка војска на Прешево, Бујановац и Медведе" и "Албанска национална армија".
Се уште не е познато поради која причина групата на хакери одлучила баш на ова место да ги постават своите политички пропаганди. Менаџерот на познатиот музичар изјавил дека Бреговиќ нема да коментар во врска со овој случај.