Семејни фотки од бремената Шакира, Пике и малиот Милан
- Детали
- вторник, 20 јануари 2015
Познатата Колумбијка Шакира и нејзиниот сопруг Жерар Пике се во исчекување на своето второ дете.
Во 2012-та го добија синчето Милан, кој изгледа е подеднакво возбуден за новиот член како и неговите родители.
Токму затоа, среќното и славно семејство организираше грандиозно и хуманитарно „добредојде“ за новото бебе.
Шакира и Пике во соработка со УНИЦЕФ, преку неколку семејни фотографии ги поканија сите хумани лица да донираат и да им помогнат дечињата ширум светот на кои им е неопходна помош.
„Секоја жена која очекува бебе има моќ да го искористи тој благодет за да ги спаси животите на другите, помалку среќни дечиња ширум светот“, напиша Шакира и ги сподели овие прекрасни семејни фотки.