Дали Ирина Шајк навистина го остави Роналдо?
- Детали
- четврток, 15 јануари 2015
Откако не се појави на доделувањето на „Златната топка“, која Роналдо ја доби по третпат, а не му честиташе ниту на социјалните мрежи, ниту пак тој ја поздрави додека ја примаше наградата, почнаа шпекулациите за крај на нивната 4-годишна врска.
Иако долго време за нив не можеше да се слушне вест дека се скарале или разделиле и се сметаше дека се еден од најсреќните парови, сепак ништо не е идеално.
Откако за време на овогодинешниот католички Божиќ, се дозна информација за тоа дека руската манекенка се скарала со мајката на португалскиот фудбалер, веќе се очекуваше дека некои работи нема да бидат исти како претходно.
Ирина, која вообичаено е секаде со него и ја споделува радоста за успесите на своето момче и на социјалните мрежи, овојпат не само што не се појави и не му честиташе, туку и престана да го следи на Твитер.
Со оглед на тоа што нема никаква официјална потврда од нивна страна, можно е да се работи и само за привремена караница или разделба.