Хаос во ТЛЗП: Продукцијата го фаворизира Бане Мојиќевиќ?
- Детали
- четврток, 18 декември 2014
Марија Михајловиќ, која е член во жирито, на својот Фејсбук профил јавно се пожали за необјективноста на продукцијата, како и за неправедно фаворизирање на еден од натпреварувачите - Бане Мојиќевиќ.
Таа се пожалила дека за време на монтирањето на емисијата нејзините негативни коментари и критики упатени кон Бане често пати ги нема.
Вака гласеше нејзиниот Фејсбук статус кој предизвика хаос во ТЛЗП:
„Бане е сјаен пејач и одличен имитатор. Но, за жал заради големото фаворизирање од ТВ Прва и Гранд, не по негова кривица, од мене во финалето ќе добие најмал број на поени. Затоа што сметам дека сите овде работат и не е фер кон другите натпреварувачи. А Гранд да знаеше што требаше да направи со него, ќе го направеше ѕвезда уште пред 10 години. Сметам дека било кое фаворизирање на натпреварувачите од страна на било кој член од жирито или продукцијата не е во ред. Тоа е омаловажување за сите други кои се трудат и гинат да направат добра точка и да ве забавуваат. Бане ова не го заслужи, но затоа што сте толку безобразни, од мене тоа ќе го добиете. Извини Бане. Не е до тебе. Туку до твоите матни ментори кои се научени ништо и никого да не почитуваат. Тие само знаат да уништуваат талентирани луѓе и од нив да направат потрошна роба која не трае ни една сезона. Толку. Мразете ме сега. Но знаете дека сум во право.“