10 славни богаташи кои пораснале во сиромаштија
- Детали
- вторник, 25 ноември 2014
Не сите од познатите и славни холивудски ѕвезди биле секогаш најдобро облечени, најбогати и со сите луксузи. Многу од нив израснале во сиромаштија и беда, но имале среќа да успеат во животот и да бидат она што се денес.
Има такви кои потекнуваат од сиромашни семејства, живееле во запуштени квартови, едвај имале за да јадат и да се облечат, а холивудскиот живот не можеле ни да го замислат.
Сепак, со многу упорност, работа, талент и среќа успеале да остварат и повеќе од она што очекувале и денес да бидат пример за многу други.
1. Хилари Свонк – 40 милиони долари
Пред да биде добитничка на два Оскара и пред да ја добие својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, Хилари живеела во сиромаштија и беда. Од својата шеста година живеела во приколка во Вашингтон, а подоцна со нејзината мајка патувала и живеела во автомобил во Лос Анџелес.
2. Сара Џесика Паркер – 90 милиони долари
Иако нејзината мајка имала постојана работа, сепак живееле тешко и сиромашно, со оглед на тоа што Сара е едно од осумте деца во семејството. Живееле од социјална помош и често останувале и без струја. Но, нејзината мајка правела сè за да собере доволно пари и Сара да не се откаже од часовите по балет и пеење.
3. Џим Кери – 150 милиони долари
На почетокот живеел нормален живот, сè до периодот на тинејџерските години, кога неговиот татко останал без работа. Тогаш, почнале да живеат во комбе, го прекинал школувањето на 15 години и почнал да работи како чувар.
4. Деми Мур – 150 милиони долари
Татко ѝ го напуштил семејството уште пред таа да се роди, поради што имала тешко детство. Нејзината мајка брзо се премажила, но нејзиниот очув често менувал работни места, додека мајка ѝ се борела со алкохолизмот.
5. Еминем – 160 милиони долари
Славниот рапер пред да освои 150 награди, па дури и Оскар, добро се намачил селејќи се со неговата мајка од Мисури во Мичиген, па сè до Детроит. Тешко врзувале крај со крај, а и врсниците постојано го малтретирале во училиште.
Уште 5 на следната страна...