Фустан за кој долго ќе се зборува: Ријана ги сокри брадавиците со цветови
- Детали
- четврток, 30 октомври 2014
На хуманитарниот настан „amfAR Inspiration Gala“ во Лос Анџелес Ријана се појави во уште едно провокативно издание.
Облечена во долг бел Том Форд фустан со сребрено сива трака под градите и проѕирни парчиња материјал на градите, нема некој што не ја забележа.
Брадавиците пак, беа едвај скриени зад металик виолетовите цветови.
Од шлицот на фустанот се гледаат црните подвезици, а на вратот носи бела марама.
На овој гала настан, кога се случува и една од најголемите аукции на познатите, Ријана потроши $135.000 долари за дијамантски обетки и фотографија од Елизабет Тејлор на Еден Рок.
Веројатно по ова појавување и она од пред извесно време во проѕирниот светкав фустан со кој хипнотизираше, веќе ништо не може да нè изненади.
Погледнете го нејзиниот стајлинг: