Ана Ивановиќ си го однесе Швајнштајгер во Белград
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2014
Најдобрата српска тенисерка заедно со капитенот на германската репрезентација, викендов се упатила кон својот роден град.
Љубовта помеѓу Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ, за која прв пат се слушнаа гласини пред 1 месец, продолжува во Белград.
Младиот пар е виден во саботата како ужива во еден од белградските сплавови, а потоа Ана и Бастијан се упатиле кон блискиот кеј.
- Ана носеше тегет фустан со цветови, додека Бастијан за секој случај се криеше под капа. Но, беше невозможно да се камуфлира. Со нив беше и братот на Ана, Милош. Прво беа на сплав, на потоа тргнаа на прошетка, вели изворот кој ја потврди оваа вест.
- Тенисерката и фудбалерот цело време се држеа за рака, тој нешто и раскажуваше додека таа постојано се смешкаше. Симпатични се, но тој е малку понизок од неа. Луѓето кои поминуваа покрај нив не можеа да им веруваат на очите, па постојано љубопитно се вртеа, додава изворот.
Ана Ивановиќ неодамна го откажа турнирот заради повреда на левиот колк, додека Швајнштајгер исто така паузира до 2015-та година заради повреда. Изгледа слободното време ќе го поминат во родниот град на Ана.
За оваа врска се дозна на почетокот на септември, кога во јавноста се појави првата фотографија на која парот се држи за рака.