Ова е братот близнак на славниот заводник: Тој има трогателна животна приказна

Додека Ештон Качер се наоѓа на врвот на најпосакувани мажи во Холивуд, ретко кој би рекол дека токму неговиот брат е пример за воодушевување.

ova-e-bratot-bliznak-na-slavniot-zavodnik-toj-ima-trogatelna-zivotna-prikazna-01.jpg

Братот близнак на Ештон Качер пати од церебрална парализа, а со својата волја и упорност успева да се бори со болестa и воедно да им помага на другите како него.

Но, тој вели дека никогаш нема да ја заборави помошта од Ештон.

Ештон Качер се родил прв, здрав и со тежина од 5 килограми, додека неколку минути подоцна пристигнал и Мајкл кој имал помалку од 2 килограми.

- Секако, Ештон беше здрав. Секогаш им велам на луѓето дека тој ми јадел сè додека сме биле во матката, се шегува Мајкл.

Кога имале само 3 години, на братот на Ештон му била дијагностицирана церебрална парализа.

Неговата болест е прилично блага, но Мајкл има проблем и со говорот, одењето и слухот. И покрај тоа, важи за одлична инспирација, па често знае да држи мотивирачки говори. Тој секогаш нагласува како поддршката од неговиот брат му значи цело богатство.

ova-e-bratot-bliznak-na-slavniot-zavodnik-toj-ima-trogatelna-zivotna-prikazna-02.jpg

Кога биле уште во основно училиште, Ештон бил талентиран за спорт, па лесно постигнувал совршени погодоци. Мајкл во еден момент се свртел и излегол од теренот.

Му реков „Знаеш дека не можам да постигнам таков погодок. Не е фер.“

Тој, дури и во тие млади години, ми објасни: „Можеш да постигнеш сè што ќе посакаш. Јас не можам да ја фрлам топката наместо тебе. Мама не е овде, ни таа не може да направи нешто наместо своето дете. Тоа е твој предизвик. Престани да ја користиш својата болест како изговор. Тоа е твојата препрека,“ се присетува Мајкл.

Овие зборови останале со него до ден денес.

Кога на 14 години му било кажано дека можно е срцето да престане да му работи во секој момент, тоа за него бил нов предизвик. За среќа, и тој го надминал.

Мајкл сега има сериозна работа и живее повлечен живот. Вели дека е пресреќен што Ештон станал татко, а воедно и што тој станал чичко.

ova-e-bratot-bliznak-na-slavniot-zavodnik-toj-ima-trogatelna-zivotna-prikazna-03.jpg

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg