Ботокс трансформации кои ги изобличија славните убавици
- Детали
- четврток, 09 октомври 2014
Блескавата, мазна и затегната кожа е сон на секоја жена. Во желбата да заблескаат во полн сјај, славните убавици се подготвени да платат и цело богатство и да прифатат секакви операции само за да го добијат посакуваниот резултат.
Но, понекогаш добиваат нешто сосем поинакво. Некои и не забележуваат дека по толку многу операции, имаат мазна и затегната кожа, но и дека веќе не личат на себе.
Веројатно постепено се навикнуваат и се прифаќаат онакви какви што се или сметаат дека вреди да се направи таква жртва, па поважен им е младешкиот изглед, отколку природниот.
Меган Фокс
Иако има само 28 години, во минатите години се подложи на бројни естетски зафати кои драстично ѝ го променија изгледот. Тоа најдобро може да се потврди со нејзината појава во Германија за промоција на новиот филм, кога фановите едвај ја препознаa.
Анџелина Џоли
Разликата во обликот на лицето се забележува и кај Анџелина Џоли. Особено што ѝ станува сè помазно, поради ботоксот и добива целосно друг, потесен облик.
Кајли Миног
Австралиската пејачка не одолеа, а да не се обиде да ги поправи недостатоците кои ѝ пречеа на лицето. Со тоа, донекаде си направи повеќе штета, отколку добро, бидејќи доби лик на восочна маска, наместо природен изглед.
Никол Кидман
Убавата Никол Кидман која шармираше со својот природен нежен лик со симпатични пеги, сепак се реши дека треба да го промени изгледот, сакајќи да изгледа поотмено, но и таа успеа само да не личи на себе.
Рене Зелвегер
Главната глумица во филмот за Бриџит Џонс се обиде на секој начин да изгледа подобро, иако уште на почетокот освојуваше со својот природен изглед, светлите очи и слатката насмевка. Со текот на времето и со помош на ботоксот и затегнувањето на лицето дозволи очите да ѝ бидат речиси невидливи, поради неприродно подигнатите образи.
Како ви се допаѓаат повеќе, пред или по ботоксот?