Ивановиќ несреќно заљубена?

Приказната за прераното заминување на првата тенисерка во светот досега е забележана како најголема љубовно-спортска трагедија. Ана Ивановиќ...

 

... се одлучи да го остави тенисот по испаѓањето од првото коло на US Open, а службено објаснување за овој шокантен потег за љубителите на белиот спорт е дека Ана сака да ја поправи својата нарушена самодоверба.

Но, секој кој последната година ја следеше кариерата на Ана, би мислел слично - играта на Ана завршува таму каде започнува љубовта.

Романсата започна летото во 2008 година, а фаталното момче беше моментално 10 - пласираниот тенисер во светот - шпанецот Фернандо Вердаско. Ана и 4 години постариот Фернандо се запознаа на минатогодишниот US Open. Љубовта наското стана преголема за да можат и двајцата да ја скријат пред објективите на папараците и нескротливите гладни таблоиди. Романсата траеше некое време, ја помина и фазата на запознавање со родителите, а во кариерата на Ана се случи првиот пораз.

ivanovik-nesrekno-zaljubena2

Таа започна да губи од тенисерки кои некогаш не може да и земат ни еден поен. За приказната да биде уште поневеројатна, и Вердаско почна да губи двобои кои не ги губел никогаш пред да ја запознае Ана.

Кулминативниот момент беше во почетокот на 2009 та година. Никој не може со сигурност да каже дали причината за конечното раскинување биле лошите изиграни натпревари или разлики во она што двајцата го сакаат.

Во главно, љубовта престана во време на првиот Grand Slam турнир во сезоната, Australian Open, а се понатаму за Ана беше само малтретирање. Таа губеше во првите и вторите кола од турнир во турнир, додека шпанецот полека се враќаше во форма. Тажната тенисерка ја заврши својата приказна со најавата за прекинување на кариерата, точно година дена од почетокот на романсата со Фернандо.

ivanovik-nesrekno-zaljubena1



Еден од најценетите тениски тренери на светот - Ник Болтиери смета дека Ана не смее премногу да одмара после лошиот и шокантен неуспех, иако таа после поразот од Катерина Бондаренко на US Open го најави своето заминување од тениските терени.

Искусниот американец во својата изјава за ESPN рекол дека, кога Ивановиќ би побарала мислење од него, тој добро би ја распрашал за нејзините планови и би барал да му каже се што и паѓа на памет, дури и дали смета дека таа има проблеми во љубовта.

"Кога би дошла кај мене за совет, јас би и рекол: Кажи ми се' што ти се мота во глава. Се! Дали и понатаму ја сакаш оваа игра? Дали ја имаш изгубено самодовербата? Дали си уплашена? Дали имаш лоша љубовна врска", изјавил оваа тениска легенда.

Дали Ник со овој коментар се соменва дека Ана Ивановиќ е разочарана од лоши љубовни врски, па тоа е вистинската причина за нејзините низа неуспешни порази, на јавноста уште не и е познато.

Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Бритни Спирс доживеа нервен слом, Џон Белуши се предозира: Хотелот во кој се случиле најголемите хол... Основачот на филмското студио Columbia Pictures своевремено изјави: „Ако треба д...
Копија на татко ѝ: Што прави и како изгледа денес ќерката на Михаел Шумахер? Џина Шумахер, 25-годишната ќерка на познатиот Формула 1 возач, има 26 години, ст...
Каја Гербер, Лени Клум - Ќерки на фотомоделите кои се побогати од своите славни мајки Ќерките на светските фотомодели можеби не се ни оддалеку славни како нив, а сепа...
Светски и регионални ѕвезди кои очекуваат (или добија) дете во 2024-та Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат нивното прво дете, додека Милош Би...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg