Моментот кога Џенифер Гарнер се заљуби во Бен Афлек (видео)
- Детали
- среда, 08 октомври 2014
Џенифер Гарнер и Бен Афлек се во хармонична врска веќе 10 години, но изгледа дека емоциите се родиле многу порано.
Уште во 2003 година гостувале во една забавна емисија, а на снимката повеќе од јасно се гледа колку вљубено го гледа Џенифер додека тој зборува.
Оваа емисија е снимена уште додека Бен беше во врска со Џенифер Лопез, а Гарнер сè уште беше во брак со Скот Фолеј.
Тој период тие заедно глумеа во филмот „Дардевил“ на кој веројатно се родиле и првите емоции кај двајцата.
Официјално објавија дека се во врска година и пол подоцна, откако Афлек ја раскина врската со Џеј Ло, а Гарнер се разведе од Скот.
На снимката, Џенифер неколку пати му упатува заљубени погледи на Бен, а тоа особено се забележува кога тој се шегува на своја сметка за тоа како се чувствувале со Мет Дејмон за време на доделувањето на Оскарите.
Обрнете внимание на вљубената насмевка која ја има Џенифер, точно на 21:02, моментот кога таа многу очигледно е веќе освоена и заљубена во Бен Афлек.